Вујовиќ: Задоволни сме од победата, атмосферата во салата помогна во таа мисија!

Вардар забележа победа во рамките на второто коло од Лигата на шампионите против Мешков Брест (35:27).

Евидентно беше доброто расположение кај тренерот Веселин Вујовиќ, кој по натпреварот истакна:

Имавме голема мотивација на овој натпревар, помогна и атмосферата во салата, но и неколкуте одбрани на Томовски. Имав проблем да ги интегрирам браќата Њокас во тимот, но и за тоа најдовме решение, па задоволни сме од победата, во иднина ќе бидеме се подобри“, истакна Веселин Вујовиќ.

Инаку, Кевин Њокас имаше нестварен натпревар, постигна 8 голови од 8 обиди, што прави 100% ефикасност.