Вујовиќ: Со причина се плашев од натпреварот со Монпеље

Вардар е поразен на домашен терен од францускиот претставник, тимот на Монпеље со 25:31.

Иако се играше отворен и ефикасен натпревар, сепак, Вардар не успеа во вториот дел да дојде до егал, по кој ќе се обидеше да дојде и до предност, бидејки Монпеље постојано беше во предност со неколку голови кои ги одржаваше.

По натпреварот, тренерот на „црвено-црните“ излезе со искрен став за поразот ова к оло.

Вардар не наликуваше на тимот кој настапуваше добро во првите три кола. Французите имаат квалитетна екипа, а ние тотално потфрливме на овој натпревар. Мора да анализираме што ни недостасуваше на оваа средба, кој беше проблемот. Со причина се плашев од овој натпревар. Ова е долго натпреварување, уште многу има пред нас.“, потенцира Веселин Вујовиќ.