Вардар синоќа загуби на домашен терен, во рамки на 8. коло од ЛШ, против екипата на ПИК Сегед со 27:30.
Почетниот период за Вардар беше ужасен, како што рече и самиот Веселин Вујовиќ, натпреварот го загубиле во првите 10 минути, а потоа ништо не можеле да контролираат.
„Честитки за ПИК Сегед за повеќе од заслужената победа. Јас сум разочаран на начинот на кој што загубивме. Многу лошо го отворивме натпреварот, напаѓачки не одговоривме на предизвикот, во остатокот од мечот гостите само си го одржаваа резултатот“.
„Јас го делам разочарувањето со навивачите. Наша цел беше да поминеме во втората рунда, се надевам дека ќе го оствариме тоа. Овој пораз е тежок, но борбата не е завршена“, истакна Веселин Вујовиќ.