Вујовиќ: Поразот од Алборг е минато, сега Кил е во фокусот

Екипата на Вардар вечерва го доживеа вториот пораз во Лигата на шампионите, откако на гостувањето во Данска загуби од Алборг со 33:29.

Предводникот на „Црвено-црните“, Веселин Вујовиќ, вели дека натпреварот е веќе минато за него и нема за што да жали и сега фокусот е кон следниот меч.

„Алборг одигра одличен меч, а мечот го загубивме во првите 10 минути од второто полувреме. Алборг ни побегна на седум гола, се обидовме да направиме нешто, но беше невозможно да се вратиме во игра. Овој меч за мене веќе е историја, сега фокусот е кон следниот меч, сега најважен ми е Кил“, изјави Вујовиќ.

Кил гостува во Скопје на 27 октомври.