Вујовиќ негодува по одлуката Вардар да не добие учество на Ф4 во СЕХА лигата

Ракометарите на Вардар иако изборија Ф4 во СЕХА лигата, сепак таму нема да се појават.

„Црвено-црните“ нема да настапат на фајнал-форот во Задар, пред се поради позитивните случаи на Ковид19 кои беа откриени во нивниот табор.

На таквата одлука од страна на СЕХА лигата, Вујовиќ е разочаран:

Срамота, тие велат дека само Ристовски е позитивен додека за останатите играчи не минале две недели од втората доза на вакцината. Сакавме да го повториме тестот, но не ни беше овозможено тоа“.

„Сите во тимот имаме ПЦР тестови, се обидовме да ги убедиме да настапуваме, но не дозволија. Дури сакавме да одиме и со 11 играчи кои се веќе вакцинирани, но тоа ни беше забрането“, порача Веселин Вујовиќ.

Вардар требаше да го има своето 10. учество, каде ќе се обидеме да дојде до 6-та титула во ова натпреварување.