Вујовиќ: Ако браниме 4 гола и калкулираме со времето нема да минеме

Вардар го очекува реванш натпреварот од четврт-финалето на СЕХА лигата против ППД Загреб кој се игра утре со почеток од 20:00 часот во Загреб.

За потсетување првиот меч игран во Скопје заврши со триумф на Вардар, 24-20.

„Не очекува тежок натпревар. Ќе мораме да одиграме многу добро, Ако одиме да бранме 4 гола, нема да поминеме. Па и ако не играме добро, можеби ќе загубиме со 1. Ако калкулираме со времето и семафорот нема да минеме. Во СЕХА лигата сите имаат шанса да стигнат до Ф4. Сакам Вардар да остане како единствен тим кој настапил на сите Ф4 турнири.

Покажавме дека играме одличен ракомет со многу контакти. Многу фактори ќе решаваат. Шансите се на наша страна, мислам дека ќе постигнеме повеќе од 21 гол, што би значело дека Загреб ќе мора да победи со најмалку пет гола. Мислам дека е во наша корист што ќе има навивачи на трибините“, изјави тренерот на „црвено-црните“, Веселин Вујовиќ.