Вујо признава: Вториот дел во Сегед не чинеше пораз

По поразот од ПИК Сегед во 7. коло од лигата на шампиони, тренерот на Вардар даде свое видување за натпреварот.

Според кормиларот на Вардар, клучно за поразот било тоа што во вториот дел грешките им биле премногу.

Цел натпревар бевме близу до противникот, во првиот дел немавме некои големи грешки, но затоа ги имаше во вториот и тоа го одлучи победникот на овој натпревар. За една недела имаме повторно натпревар протиав ПИК Сегед и таму ќе се обидеме да извлечеме подобар резултат“, порача Вујовиќ.

По седум кола во групата А, Вардар е шестопласиран со 5 бодови, зад „црвено-црните“ се само ППД Загреб и Мешков Брест.