Вујин: Не бевме на потребното ниво како со Фленсбург, на крајот треба да сме среќни и со овој бод

Вардар неколкупати се враќаше од негатива, неколкупати имаше и водство, но на крајот поделба на бодовите со Порто.

На пресконференцијата, еден од најефикасните ракометари на Вардар, Марко Вујин, истакна дека едноставно не биле на потребното ниво како со Фленсбург и дека тоа е причината што вечерва не ги освоиле двата бода.

Прво честитки за ракометарите на Порто на коректниот натпревар, ние имавме проблеми во нападот имавме многу промашени зицери, па се надевам дека тој сегмент ќе го исправиме во следниот период и следните натпревари. Поделба на бодовите е веројатно и најкоректниот резултат вечерва. Ние не бевме на потребното ниво како што бевме расположени и против Фленсбург, Порто одигра одлично, тие се добра екипа, па на крајот можеме и да бидеме среќни со овој освоен бод, иако одевме на два“, истакна Вујин.