ВТА турнирот во Палермо се уште не е почнат, а веќе ја имаме првата тенисерка со Ковид19

Во понеделник по повеќемесечна пауза треба да почне тениската сезона во ВТА, од градот Палермо.

Турнирот не е ни почнат, а веќе една учесничка е заразена со коронавирус. Организаторите не соопштија за која тенисерка станува збор, но медиумите тврдат дека во прашање е бугарската тенисерка Викторија Томов.

Оваа 25 годишна тенисерка се чувствува добро и нема никакви симптоми, а организаторот на турнирот веднаш спроведел брзо тестирање на сите учесници и нивните тимови, а било утврдено дека 410 тестови се негативни освен Томов Викторија.

Турнирот и дефинитивно ќе биде одржан, без оглед на тоа што бугарската тенисерка го има вирусот Ковид19.