Врвот на летната ерупција во Мадрид: Мбапе и Погба!

Францускиот стратег Зинедин Зидан за ова лето освен веќе договорените трансфери, во неговиот нов „Галактикот“ ги посакува и Пол Погба и Килиан Мбапе, двајцата сонародници кои настапуваат во ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

Реал Мадрид веќе има неколку нови трансфери, по што е јасно дека од следната сезона ќе имаат значително нов изглед, а доколку сите желби на Зидан бидат исполнети, Реал ќе има тим за нова европска доминација.

Според ЕСПН, последните две желби за ова лето на листата на Зидан се Мбапе од ПСЖ и Пол Погба од Манчестер Јунајтед.

Реал Мадрид веќе потроши 300 милиони на 4 трансфери, но Зидан ги сака и последните две желби, поради кои Реал сигурно може да надмине преку 500 милиони евра во едно лето.

Но за такво сценарио, Реал Мадрид ќе мора да продаде барем двајца поскапи играчи, од кои би повратиле добра сума на пари, за да немаат проблеми со финансискиот фер плеј пред УЕФА.

Првите двајца играчи за кои се шпекулира дека можат да бидат продадени се Хамес Родригез и Герет Бејл.