Врв на лудилото: Ѓоковиќ на суд поради Адрија тур!

Сериозни проблеми може да си навлече најдобриот светски тенисер поради масовното ширење на корона вирусот за време на турнирите во Белград и ЗАдар од Адрија тур.

Швајцарскиот весник Блик најавува тужба против Новак Ѓоковиќ за ставање во животна опасност на учесниците и присутните на турнирите.

„Ако се утврди дека им се загрозени животите на луѓето, односно не се почитувале мерките и протоколите, Ѓоковиќ може да заврши на суд како коорганизатор“, се вели во изданието.

За време на Адрија тур од корона вирусот се заразија Григор Димитров, Борна Чориќ, Виктор Троицки, но и самиот Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена.