Време за спектакл: Блесна олимпискиот оган

Олимпискиот пламен на стадионот во престолнината на Јапонија конечно блесна, таа обврска ја изврши тенисерката од Јапонија, Наоми Осака.

Следуваше маестрална кореографија на отварањето на Летните олимписки игри, па неверојатен огномет кој го означи почетокот на ОИ во Токио.

Претседателот на меѓународниот олимписки комитет Томас Бах, со сите спортисти посака добредојде до сите спортисти и успех, со надеж дека годинешното издание ќе биде успешно организирано.

На најголемата светска „смотра“ ќе учествуваат 11 000 спортисти ширум светот.

Единствен дефицит на отварањето на овие ОИ беше тоа што цела манифестација беше без публика, која што ќе изостане на трибини поради евидентните причини предизвикани од Ковид19.