Вратете го Нејмар, Лаутаро уште не е подготвен

Легендарниот фудбалер на Барселона, Ривалдо смета дека напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинес уште не е подготвен да го облече дресот на каталонскиот клуб.

Според Бразилецот, најдобро за Барса е во моментов да го врати Нејмар кој буквално избега во 2017 година и се пресели во ПСЖ, оставајќи го на цедило својот поранешен клуб.

„Во моментов Лаутаро не е вистинското решение. Нејмар секогаш ќе биде приоритет за засилување на Барса. Лаутаро има едвај 22 години и треба да се развие во екстра играч“, смета Ривалдо.

Сепак, во овој период станува нејасно дали Барселона ќе има средства да купи кој било од нив двајца бидејќи се наоѓа во голема финансиска криза, предизвикана од паузата поради корона вирусот.