Рико подготвен за денешната трка!

Денеска со почеток од 12:50 часот, на трката во Мизано, на патеката „Марко Симончели“, македонскиот возач Рико ќе ја вози втората трка во Порше Карера ГТ3 Куп.

По вчерашниот инцидент, инжинерите од боксот на Рико, го оспособија возилото на македонскиот возач за денешната трка, па очекуваме денеска подобри резултати.

На денешката трка, Ристо Вуков Рико, ќе стартува од последната позиција, пред се поради вчерашниот инцидент, па доколку македонскиот возач има свој ден, фановите ќе очекуваат тој да заврши во зона на бодови.

ТВ пренос е обезбеден за денешната трка (12:50) на МРТ3 каналот.

Редакцијата на „Спортклуб“ дозволува превземање на овој текст.