Волф за Фетел во Мерцедес: Убаво би било!

Несомнено една од најинтересните теми за шпекулации во следниот период ќе биде дали Себастијан Фетел ќе се пензионира од Ф1 или ќе продолжи во некој друг тим.

Шпекулации постојат дека можно е од следната сезона Фетел да вози за Мерцедес, доколку Хамилтон напушти, а на таа тема прокоментира и првиот човек на Мерцедес, Тото Волф.

Тој ниту отфрли ниту потврди, но секако со таков став, остави отворена врата за такво нешто.

Би било навистина добар маркетиншки потег Фетел да дојде во Мерцедес. Нашиот фокус е на резултатите и успехот, Себ е навистина добар возач, па од него зависи дали ќе се повлече или ќе вози во друг тим“, порача Волф.

Во моментов во Мерцедес има добра хемија меѓу двајцата возачи, и се чини дека нема да менуваат ништо, но во спортот секогаш и секакви опции се можни.