Макс Верстапен истакна дека шефот на Мерцедес, Тото Волф, треба многу повеќе да ги почитува неговите успеси, откако Австриецот рече дека успесите на Макс се само за Википедија.
Холандскиот возач забележа 10 победи по ред вклучително со Монца и тоа е еден од најуникатните рекорди во историјата на Формула 1.
Од друга страна, Тото Волф не беше премногу расположен да го фали Верстапен во последното појавување кај медиумите, па само истакнал дека тој рекорд на Холанѓанецот е само за Википедија.
„Не сум разочаран поради тоа, но имаа прилично катастрофална трка, па веројатно се уште беше лут на нивните перформанси при давањето на изјавата. Треба повеќе да се почитуваат резултатите кои ги остваруваат ривалите, ние тоа го практикувавме така во минатото, затоа и дојдовме до резултати, тоа ни беше мотивација. Кога гледавме некој доминантен во минатото, знаевме дека мораме да бидеме подобри и да дојдеме до тоа темпо“, порача Макс Верстапен.
Верстапен сигурно гази кон својата трета последователна титула, бидејки и сезонава, нема конкуренција на патеките.