Волф се жали од потегот на Леклер: Требаше да има казна, но тогаш со полиција ќе не носеа до дома

По денешната трка во Монца, скоро и да немаше официјално лице од Мерцедес, кој не рече дека тие биле оштетената страна во дуелот со Шарл Леклер.

Познато е дека Луис Хамилтон денеска имаше неколку обиди на Монца да го мине младиот возач на Ферари од Монако, но не успеа во тоа, а еден од најопасните обиди на Хамилтон беше пред двојната шикана, кога Леклер му го затвори правецот, па овој мораше со половина болид да излезе надвор од патеката, и под притисок, да ја крати патеката по страничниот дел, со цел дане го оштети болидот.

Хамилтон веднаш по тимското радио истакна дека не му било оставено доволно простор за да претекне, додека по трката се активира и Тото Волф.

„Тркањето беше доста жестоко, веројатно и претерано, поради кое требаше да има казна. На крајот од денот, никој не сака да му даде казна на Ферари на Монца, бидејки потоа на сите ќе ни треба полициска придружба додека си заминеме дома“, рече Волф.

Има низа на коментари на социјалните мрежи, на кои може да се видат и протолкуваат како неутралните фанови го критикуваат Мерцедес и нивните луѓе поради тоа што веднаш напаѓаат кога ќе загубат една две трки.