Волф: Правилата на трките мора да бидат јасни, а не тоа да бидат приказни од Шекспир

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, бара од ФИА да ги разјасни правилата околу границата на патеката, по контроверзите на ГН на Бахреин.

Австриецот истакна дека овие правила околу напуштање на патеката со сите четири пневматици од патеката, мора да бидат нешто свето, а не тоа да се претвори во шекспирова новела.

Макс Верстапен на 4 круга пред крајот го претекла Луис Хамилтон за водство во трката, но веднаш потоа излета од патеката, па мораше да му ја препушти позицијата бидејки својот маневар го направил надвор од патеката.

Подеднакво сум збунет како и вие. На почеток од трката ни беше кажано дека границата на патеката нема да биде санкционирана во свиокот 4, а потоа во трката ни рекоа дека и тоа ќе се казнува ако продолжиме да одиме така широко, затоа што тоа ќе се смета како стекнување на предност“.

„На крајот поради таа одлука победивме. Макс отиде предалеку и по дефиницира директорот на трката порача дека Верстапен се стекнал со предност, па морал да му ја отстапи позицијата на Луис, која до крајот ја сочувавме и ја крунисавме во победа. Пораките од ФИА мора да бидат константни, мора да бидат јасни и свети за овој спорт, а не приказна од Шекспир“, порача Тото Волф.