ВОЈНОВИЌ: Не се сомневам во Димевски, ќе оди на медал!

Поранешниот македонски репрезентативец Ѓорѓе Војновиќ одлично ги познава квалитетите на еден од кандидатите за претседател на ОКСМ, Даниел Димевски.

Заедно работеа во Кошаркарската федерација на Македонија во првите години од мандатот на Димевски и заеднички го трасираа патот кон четвртото место, освоено на Европското првенство во Литванија пред девет години иако Војновиќ тогаш не беше на функција.

„Бевме заедно во КФМ, постигнавме одлични резултати и сметам дека со неговото искуство во спортскиот менаџмент ќе постигне многу и во ОКСМ. Од аспект на квалитет, воопшто не се сомневам и посакувам целосна реализација на понудената програма што ќе биде огромен придонес за спортот во нашата држава и предуслов за постигнување врвни резултати на екипен и индивидуален план. Зошто да не и олимписки медал? Му посакувам среќа и успех“, изјави Војновиќ за sportclub.mk.

Димевски има поддршка од 34 национални спортски федерации и е голем фаворит на изборите за нов претседател на ОКСМ што ќе се одржат утре.