Војна на повидок меѓу АМС и ФФМ – Сејдини му порача на Мојсоски: За ова се одговара!

Скоро извесна е тензијата или „војната“ помеѓу две спортски институции во државата, Фудбалската федерација на Македонија и Агенцијата за млади и спорт.

Според тврдењата на АМС, биле воочени повеќе неправилности во работењето на фудбалската федерација на Македонија, нешто кое се коси со законите во спортот во Македонија.

Веднаш по таквиот официјален став на АМС, се јавија и од ФФМ со официјално соопштение, колку само да ја потврдат тензичната ситуација на релација помеѓу двете спортски институции.

Најмалку што сакаме во вакво време кога се слави македонскиот фудбал и нашите резултати да зборуваме за нешто што не е поврзано со играта, но некогаш едноставно немате избор. Пресот го свикавме со една и единствена цел, со факти да покажеме и потврдиме колку не знаат и не се срамат што не знаат. За тоа директорот на АМС ќе одговара. Во текот на вчерашниот ден до мене стигнаа шпекулации дека претставници на клубови од македонската лига се повикувани во државни институции и присилувани да потпишат поддршка за бојкот на собранието, уценувани со поделба на ваучерите. Шпекулациите отидоа дотаму што на големо се споменуваше и името на премиерот на државата. Одбивав да верувам на таквите игри се додека не го прочитав соопштението од АМС“.

„Во известувањето од АМС се вели дека при извршен инспекциски надзор во ФФМ се утврдени низа неправилности спротивно со Законот за спорт. За ова, драг Наумче Мојсоски директор на АМС, се одговара. Наведува дека решението било обжалено и после сите институционални и законски процедури, жалбата била тфрлена како неоснована со што Решението стана правосилно и против него не е дозволена жалба. Сега доаѓаме до моментот од кој треба да се срамиме ние од начинот на кој постапуваат државните институции, во овој случај највисокото државно спортско тело. Вистина е дека решението на Второстепената комисија е конечно и против него нема право на жалба, но има право на тужба. ФФМ согласно законите поднесе тужба со која поведе управен спор против Државната комисија за одлучување во втор степен поради тоа Решение“.

„Бидејќи овој „сакам кажам, не знам да речам“ начин на комуникација е нивен избр, а ние на сила сме принудени да се браниме од тоа што не е вистина, тука пред вас и целата јавност ја објавувам пресудата од тужбата против поништеното Решение кое АМС најави дека ќе го спроведува. Пресудата вели дека тужбата на тужителот: ФФМ се уважува. Решението се поништува“, се вели во известувањето на првиот човек на ФФМ, Мухамед Сејдини.