Војдан Стојановски официјално раскрсти со Олденбург

Македонскиот кошаркар Војдан Стојановски, по една сезона во германското првенство, ја напушти екипата на Олденбург.

За ова информираше германскиот клуб, и веќе ангажирале негова замена, станува збор за Кевин Меклејн, кој веднаш ќе го пополни отсуството на Војдан.

Но сега останува неизвесно каде ќе игра Стојановски идната сезона. Во опција за Стојановски е можеби враќање и во Шпанија каде претходно настапуваше.