Војдан блеска во Франција: Ефектен во новата победа на По Лак Ортез

Во 18. коло од ПРО А лигата, По Лак Ортез и Војдан Стојановски го пречекаа составот на Орлеанс. И стигнаа до убедлив триумф од 22. поени разлика (82:60).

Блескаво издание имаше Војдан Стојановски на овој меч. Капитенот на нашиот национален тим стигна до бројката од 20.реализирани поени.

Притоа имаше одлични  5/7од линијата за три поени, како и 3/3 за еден и 1/3 за два поени). А за 30.минути минати во игра додаде и четири скока и три асистенции.

Па по 18.одиграни кола, со ефект од осум победи и десет порази, По Лак Ортез е на 10.место во ЛНБ лигата на Франција.

Во ПРО Б лигата, Евре на Стојан Ѓуроски го пречека составот на Париз, и не успеа да дојде до победата. Славеа гостите од главниот град на Франција со (87:81).

По скоро едномесечна пауза поради повреда, Ѓуроски се врати во тимот на Евре. Го одигра еден од најдобрите натпревари откако го носи дресот на овој француски второлигаш.

За 28 минути на теренот, Ѓуроски реализираше вкупно 16. поени (3/5 за три, 2/3 за два  3/4 за еден поен), беше трет стрелец во својата екипа. А освен тоа во својата статистика стартерот на Евре допиша и три скока и две асистенции.

По 14. одиграни натпревари, Евре се наоѓа на 15.место во ПРО Б со ефект од пет победи. Или две повеќе од екипите кои се наоѓаат во зоната за испаѓање.