Во Торино ништо не сакаат да скријат: На улица „уловен“ повратникот тренер во Јувентус?!

Како што одат работите за Јувентус, нивната сезона ќе биде целосно неуспешна.

„Старата дама“ ги загуби сите фронтови сезонава, а и виси во воздух нивниот пласман во Лига на шампиони за идната сезона.

Поради таквиот редослед на настани, со право се наметнува прашањето што со Андреа Пирло? Каков е ставот на клубот и дали имаат најава да го менуваат.

Бјанконерите се уште не сакаат да излезат со отворен гард во јавноста, но тивко се насетува дека се размислува на таа тема.

Во исто време, се поставува и уште едно кредибилно прашање, кој ќе дојде на негово место? Во игра наводно е Синиша Михајловиќ, но и повратникот Масимо Алегри.

А кога сме кај Алегри, тој денеска бил уловен во друштво на координаторот за спорт во Јувентус, Федерико Черибуни, па веднаш се шпекулира дека тоа е нов момент кој ќе фрли сенка на сето она што се случува во Јувентус и дека со ова клубот сака да најави дека ќе дојде до можна промена во следните недели.