Во таборот на Надал размислуваат за четири титули на гренд слем турнирите годинава

Карлос Моја кој е тренер на Рафаел Надал, смета дека е нереално да се очекува шпанскиот тенисер годинава да освои календарски слем.

Рафа во 2022 година триумфираше на Австралија Опен и Ролан Гарос, а сега влегува на Вимблдон со исто така високи амбиции, иако има проблеми со стапалото.

„Тоа е реална цел, Рафа во моментов е единствен кој може да го постигне тоа. Прв пат во кариерата би му тргнало од рака, но сепак, тоа го гледаме како нешто тешко. На пола пат е од тоа постигнување“, рече Моја и додаде:

Мора постепено да се движиме кон таа цел, но тоа не е нашиот главен предизвик, иако нема да отстапиме од таа идеја.

Рафаел Надал е моментално 4-то пласиран на АТП, а титулата на Вимблдон освојуваше во 2008 и 2010.