Во Скопје одржан Форум на спортисти

Во организација на МОК, ИОК и СЕА, на 14. декември стартуваше новиот дводневен настан “Форум за спортисти”. Целта на настанот е да ги насочи спортистите да се фокусираат на прашањето “Што после спортската кариера?”. Предавачи на настанот се Педро Диас и Инес Каетано од Португалија кои и помагаат на Комисијата на спортисти на МОК во остварување на нашата заедничка цел.

Педро Диас е џудист, олимпиец (ОИ Пекинг 2008) со долгогодишно искуство во областа на Олимпизмот, спортот и животот на спортистите по завршување на нивната кариера. Инес Каетано е магистер по спортски менаџмент и маркетинг и специјалист по спортска психологија.

Главниот фокус на првиот ден беше поврзан со прашањата:

– Кои се компетенциите што се бараат во спортот?

– Како да ги пренесам моите надлежности во други контексти?

На вториот ден, предавањето го почнаа Претседателот Даниел Димевски, Генералниот Секретар Сашо Поповски и Спортскиот Директор Владимир Богоевски, а подоцна се приклучи и Игор Бораска од Хрватска, член на Управниот одбор на Светската Олимписка Асоцијација кој помогна да се разјаснат клучните точки поврзани со прашањето: Како можам да се подготвам за живот после спортот?

Задоволството на спортистите говори за успешноста на настанот. Чест и задоволство на МОК е да даде безрезервна поддршка на спортистите во нивните подвизи и едукација.