Во Ред Бул се уште бесни за Силверстоун – сега можеби најавуваат следен чекор

Челниците на Ред Бул размислуваат да ја обжалат одлуката на ФИА да го казни Хамилтон само 10 секунди на трката во Силверстоун за потегот против Верстапен.

Луис Хамилтон со победата во Британија успеа да ја стопи предноста на Макс Верстапен максимално и токму тоа е нештото кое сега не им дава мир на луѓето во Ред Бул, посебно на Верстапен.

Целиот тим на Ред Бул беше единствен во намерата да го обвинат Хамилтон, за кој сметаат дека намерно направил таква ситуација, со што сега разликата е помала од онаа претходно.

Имаме правен момент пред нас, ќе разговараме и ќе решиме дали ќе ја обжалиме одлуката на ФИА“, порача Кристијан Хорнер.

Верстапен по колезијата со Хамилтон беше префрлен во болница на дополнителни тестови да нема нешто повредено или некоја фрактура, па токму тоа го предизвика самиот Верстапен да каже дека победата на Луис била нечовечка, затоа што кога тој бил во болница, Луис славел како да е светски шампион.