Во Мадрид сепак ќе се игра Мастерс – но во сосема друга форма од вообичаената

Најдобрите тенисери во светот ќе ги земат конзолите во раце наместо рекетите, откако организаторот на Мастерсот во Мадрид го откажа турнирот.

Но сепак, ќе се игра виртуелен турнир, кој за цел ќе има собирање на средства за играчите кои се загрозени со суспензија сезонава.

Турнирот треба да се одржи во мај во Мадрид, но сепак сега челните луѓе од организацијата, дојдоа на идеја за виртуелно натпреварување, на кое ќе се натпреваруваат најголемите ѕвезди.

Размислувавме на кој начин моќе да привлечеме навивачи. Значи организираме турнир за тениските професионалци, а тие да не мораат да ги напуштат своите домови. Неговата цел не е само забава, туку да направиме нешто поважно во овој момент“, порача директорот на турнирот, Фелисијано Лопес.

Виртуелниот турнир во Мадрид ќе се одржи од 27 до 30 април. Организаторите обезбедиле паричен фонд од 150.00 евра во двете конкуренции. Победниците ќе одлучат колку од тие пари ќе донираат до тенисерите и тенисерките кои поради пандемијата трпат економски и поради суспензијата сезонава.