Во Лос Анџелес пристигна тренер кој знае како се освојуваат титули во НБА!

Тајрон Лу е избран за нов тренер на кошаркарите на ЛА Клиперс, информацијата е потврдена од клубот од Лос Анџелес.

Лу кој има 43 години, ќе биде 26 тренер во историјата на овој клуб. За време на кариерата како тренер ги водеше Кливленд во периодот од 2016 до 2018, со кои стана НБА шампион во 2016 година.

Лу претходната сезона беше помошник на Док Риверс, со кој франшизата од „градот на ангелите“ во септември ја заврши соработката.

Тој е профилиран поранешен играч а сегашен тренер кој знае како да се освои титула, па сигурно дека во иднина ќе биде интересно како ќе биде прифатена неговата филозофија од ЛА Клиперс.