Челниците на Ливерпул одржале состанок по повод ситуацијата на Јирген Клоп во клубот.
Англиските медиуми отворено пишуваат дека постои реална шанса Клоп да добие отказ и на негово место клубот од Енфилд да инсталира нов тренер.
Сезонава е кошмарна за Ливерпул, а главно алиби им е тоа што имаат повеќе повредени фудбалери, играат лоши во Премиерлигата, елиминирани се од ФА Купот и скоро се пред елиминација во Лигата на шампионите.
Елитното натпреварување беше последната надеж за Ливерпул дека ќе ја спаси сезоната, но како што стојат работите засега, Ливерпул тешко дека ќе направи пресврт против Реал Мадрид.
Германскиот стратег е означен како главен и одговорен за ваквата ситуација и против него клубот веќе води постапка, односно размислуваат за негово заминување.