Во Интер задоволни, следното лето во касата ќе се слеат преку 100 милиони евра

Интер потроши доста пари во претходниот преоден рок, доведоа голем број засилувања, а по се изгледа дека со купувањата ќе продолжат и во јануари.

Сепак, добра вест е што следното лето ќе ги чека голем профит.

Имено, според италијанските медиуми, екипата од „Џузепе Меаца“ следното лето би требало да заработи 108 милиони евра од тројцата фудбалери кои во моментов не се во клубот.

Јасно, најголемата заработувачка се очекува од продажбата на Мауро Икарди. Аргентинецот крена голема прашина летово со својата преселба во ПСЖ. Во Париз игра одлично, па „Светците“ сосема сигурно ќе ја искористат договорената опција, односно ќе го откупат поранешниот капитен на „Нероазурите“ за 70 милиони евра.

Вториот играч на кого не сметаат, а од кого следното лето би можеле да добијат солидна сума на пари е Далбер.

Бразилецот е на позајмица во Фиорентина, па во Милано се надеваат дека „Виола“ ќе ја искористи договорената опција и дека ќе го откупи левиот бек за 20 милиони евра.

На крајот, 18 милиони на сметката на клубот би требало да легнат од продажбата на Жоао Марио, кој е на позајмица со право на откуп во редовите на Локомотив Москва.