Во Интер се убедени, Кјелини е поопасен од Роналдо

На Апенините единствена тема денеска е „Дербито на Италија“ помеѓу Јувентус и Интер. Домаќините се фаворити, но во Италија очите се насочени кон екипата на Спалети, која со добар резултат би можела да го направи првенството поинтересно.

Спалети однесе бод од Торино минатата година, Јуве промаши голем број шанси, а со реми би бил задоволен и вечерва. Од друга страна, Интер има лош скор на ова гостување, во последните три меча немаат постигнато ни гол.

Досега во Торино се одиграни 85 мечеви во првенството, а скорот е 58 победи за Јувентус, 16 ремија и 11 победи за Интер.

Но, фудбалот не е математика, а од Интер велат дека не се плашат од ривалот.

„Сите зборуваат за Роналдо, но го имаат Кјелини кој е најважен. Тоа е најдобриот стопер на светот, тоа што тој значи е најголемата предност на Јувентус“, тврди Спалети.

Јуве ќе нападне, и Дибала ќе биде во тимот заедно со Манџукиќ и Роналдо, се чека дали Бентанкур ќе биде подготвен. Уругваецот е ровит, шанса веројатно покрај Пјаниќ ќе добие Матуиди, што би значело дека и за Квадрадо ќе има место.

Интер последен пат савел во 2012. година кога го шокираа Јувентус и ја запреа серијата од 49 меча на Јуве без пораз на домашен терен. Милито два пати и Паласиос го шокираа Буфон, иако Јуве веќе во првата минута поведе преку Видал.

Познат е и мечот од 2003/04 кога исто така Интер беше прежален но Круз и Мартинс ги растурија домаќините.

Таквите победи сепак се ретки.

„Мораме да бидеме на исто ниво сите 90 минути, да играме пресинг, тоа е клучот, ова е тест да видиме каде сме. Тие ги купуваат најдобрите играчи, ми го земаа Пјаниќ од Рома, па Кансело минатото лето, го доведоа Игуаин од Наполи, сега тука е Роналдо, многу прецизно ги бираат играчите кои веднаш го засилуваат квалитетот на тимот, односно го доведуваат тоа што им недостасува, поради тоа секоја година се се подобри“, вели Спалети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бока Јуниорс со двојна загуба по Копа .Либертадорес

Модриќ конечно ги искритикува Меси и Роналдо: Тоа што го сторивте, не беше фер!

Кориере со интересна информација: Марсијал со (не)очекувано барање до клубот пред да потпише договор

Допрва може да настане уште поголема омраза кон Иско – Ривалдо му даде трансфер совет

ВИДЕО: Во Арсенал дуваат некои нови ветришта – Гендузи и Лаказет му асистираа на Кошиелни од клупа

За прв пат во историјата на фудбалот: во Шведска прогласен најверниот фанатик во светот – еве и зошто

Клоп пред дербито со Јунајтед на прес доби интересно прашање за Погба – па одби да одговори!

Пеп ги потврди плановите на Сити за оваа трансфер зима

Солари го објасни потегот на Иско по кој навивачите збеснаа на мечот со ЦСКА