Во Ферари сонуваат “лудо сценарио“: Победа на секоја трка до крајот на сезоната

Тимот од Маранело изминатите неколку трки направија доста грешки на патеката, што го чинеше тимот пад во формата, а и довербата кај навивачите.

На моменти и возачите имаа свои грешки, но и Ферари имаше одредени неиздржливости на болидите, што е проблем што се уште ги плаши во Маранело.

Но Ферари останува цврсто уверен дека може да победи на следните 10 трки и да ја спаси сезоната.

Сега сме фокусирани на следната трка да извлечеме најдобар резултат. Тоа не се случи на Пол Ришар, но сега сме фокусирани на Унгарија и сакаме двојна победа. Секоја трка е важна за нас. Мислам дека е важно да покажеме дека сме моќни на патеката. Не размислуваме за противникот и дали може нешто да им се случи со болидите, ние веруваме дека може да победиме на секоја трка до крајот на сезоната“, истакна Матија Биното од Ферари.