Во Ферари очекувано незадоволни од Фетел: Не сме задоволни, можеше подобро!

Очигледно дека Себастијан Фетел вчера имаше одредени проблеми со болидот, тоа го сведочи и неговото 6 место на квалификациите за ГН на Британија.

Борбата за пол-позицијата се сведе меѓу тројца на минимални 0.079, што е навистина тесно.

Валтери Ботас со само 0.006 беше побрз од Луис Хамилтон, додека тука некаде беше и возачот на Ферари, Шарл Леклер кој задоцнуваше 0.079.

Но од друга страна во Ферари не се задоволни од 4 кратниот шампион, Себастијан Фетел.

Не сме задоволни, сигурни сме дека можеше подобро Фетел“, порача шефот на Ферари, Матија Биното.