Во фантастично друштво: Кире Лазаров во топ20 најплатени ракометари во Европа

Несомнено дека македонскиот репрезентативец и капитен Кире Лазаров, е играч од голем формат, а тоа го потврдува и последната топ20 листа на најплатени ракометари за 2020 година.

Често се прават во ракометниот свет разни анализи, статистики и ранг листи, а сега на ред беше топ20 листа на најплатени ракометари во Европа.

Спортскиот портал „Sportekz“ ни понуди информации околу тоа колку се платени големите ракометни ѕвезди.

На оваа листа, Кире Лазаров котира на 14 позиција, а може да се види дека е во опасно ракометно друштво.