Во Барса се помирени: Меси оди во Сити идното лето!

Раководството на Барселона повеќе нема надеж дека ќе успее да го задржи Лионел Меси по завршувањето на оваа сезона.

Аргентинецот побара трансфер во текот на летото преку официјален факс до клубот, но барањето не беше прифатено од раководството на клубот. Подоцна Меси се премисли и одлучи да остане во Барса каде игра од почетокот на неговата професионална кариера, а таму е од 2000 година.

Неговиот договор истекува на крајот од актуелната сезона, па Сити ќе може да го донесе како слободен играч.