Во Барса пукаат од радост поради Мбапе: Речиси сме шампиони!

Неколку минути откако Килијан Мбапе објави дека останува во ПСЖ и во следните три сезони, буквално зовре WhatsApp групата на фудбалерите на Барселона.

„Каталонците“ се големи оптимисти и веруваат дека овој потег ги прави големи фаворити за титулата во Ла Лига претстојната сезона. Шпанските медиуми тврдат дека имало секакви пораки, а најинтересната била: „Разврската со Мбапе не прави речиси шампиони“.

Реал Мадрид за кратко време остана без двајцата фудбалери кои се поврзуваа со него цела година. Ерлинг Халанд ја прифати понудата на Манчестер Сити, а Килијан Мбапе остана во ПСЖ, па сега речиси и да нема екстра фудбалери на пазарот. Во текот на денов беше објавено дека и Реал сега е заинтересиран за Роберт Левандовски што ќе го направи исклучително интересен летниот преоден рок.

Од друга страна, Барселона се препороди со Чави, во 2022 година има многу повеќе бодови и победи од Реал, а и го совлада својот најголем ривал на Бернабе со 4-0. Со евентуален трансфер на Левандовски, Барса навистина ќе има што да каже во новата сезона.