Во Аталанта опуштени: Ние ќе играме без притисок против Реал Мадрид

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, пред натпреварот со Реал Мадрид во рамки на осминафиналето од ЛШ, порача дека неговата екипа ќе игра потполно слободно и без притисок.

Мадриѓаните дојдоа во Бергамо денеска, а мечот се игра утре од 21 часот.

Аталанта минатата сезона имаше фантастичен резултат, стигнаа до четвртфиналето, па сезонава можат да го повторат тој успех, доколку ги минат „кралевите3.

Нема да ги промениме карактеристиките на нашата игра, затоа што токму тој сегмент не донесе до ЛШ. Меѓутоа јасно е кога играш против големи тимови, мора да бидеш на високо ниво, мора да воведеш некои мерки и да бидеш внимателен“.

„Ние ќе играме слободно и без притисок. Предвидувањата не одат во наша полза, па затоа немаме обврска да минеме понатаму и тоа не ослободува од притисокот. Сакаме да ги одмериме силите со Реал и да видиме со каква сила располагање“, порача Гасперини.