Во Арсенал по тренерот, се менува и газдата: Африканец сака да го купи клубот

Навивачите на Арсенал од сезона во сезона се повеќе се незадоволни и заборавија последен пат кога освоиле титула. Така е и сезонава, па иако беше сменет Арсен Венгер, ниту неговиот наследник Емери не се прослави, па сега на клупата седна Артета.

Но во клубот може да има драстични промени, а тоа значи нов газда. Имено најбогатиот човек на Нигерија, а воедно и во Африка, Алико Динготе сака да ги купи „топџиите“.

То би се случил во 2021 година, а и самиот Динготе истото го најави. За потсетување Арсенал во моментов е во сопствеништов на групацијата „Кронки спортс & ентертејмент“.

„Тоа е клуб кој би сакал да го поседувам еден ден, но тој план засега не можам да го остварам бидејќи сум преокупиран со проекти со вредност од 20 милијарди долари. Се надевам дека ќе ја завршам таа работа до 2021 година, а потоа ќе видиме како ќе биде“, изјави Динготе.

Богатството на нигерискиот тајкун е пресметано на околу 11 милијарди долари. Неговиот бизнис кој го започна во 1981 година главно се заминава со производство на шеќер, ориз и брашно од прехрамбени производи, додека произведува и цемент.

Овој 62-годишниот Нигериец одамна е навивач на лондонскиот тим и постојано зборува за желбата за стекнување права во клубот. Навивачите би го поздравиле овој потег за промена на сопственоста, а Данготе би можел радикално да ја промени судбината на Арсенал.