Влезниците за мечот МекГрегор – Порие пламнаа за неколку секунди

Дастин Порие и Конор МекГрегор ќе го одработат својот трет натпревар на 10 јули во Лас Вегас пред полни трибини.

Трилогијата меѓу овие двајца борци завршува во јули, а билетите за овој натпревар буквално изгореа и се распродадоа за само неколку секунди.

Така, во Лас Вегас на 10 јули, на натпреварот Мек Грегор – Порие ќе присуствуваат скоро 21.000 навивачи, а ова се малкумина среќници кои успеаја да купат билети.

“Бум. Се гледаме во Вегас”, рече Дана Вајт, шефот на најголемата светска ММА организација, кој секако е многу задоволна.