Влаховиќ: Неверојатно чувство со Ди Марија, уште не сум 100%

Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ беше пресреќен по дебито на Старата дама во новата сезона – победата од 3:0 над Сасуоло – во која постигна два гола.

Првиот пат беше прецизен од белата точка откако изнуди пенал, а во вториот дел погоди на асистенција на Анхел Ди Марија.

Работам цело лето, но уште не сум 100 проценти. Работам на тоа да стигнам до максимум, но имав проблем кој не беше лесно да се надмине. Неверојатно е чувството и големо задоволство да се игра со Ди Марија. Му се заблагодарив за асистенцијата, се надевам дека ќе ги има многу – мислам дека добро соработуваме, а најважно е тимот да победи“, изјави 22-годишниот Влаховиќ, кој сега има 53 гола во Серија А и додаде:

„Анхелодигра неверојатен натпревар. Добро се сложувам и со Филип Костиќ – го познавам и заедно сме во репрезентацијата. Сепак, на крајот на денот, чувствувам дека соработувам добро со сите и дека соблекувалната е добра за нас. Ние сме само на почеток, чекор по чекор“.