Вистинско богатство: Дресовите на Лео Меси од СП – одат на аукција

Лео Меси е големо име во светскиот фудбал, а тоа ќе го потврди и аукцијата на неговите дресови која следува.

Имено, аукциската куќа Сотби, објави дека наскоро ќе се случи аукција или како лицитација за продажба на дресовите на Лео Меси, вкупно 6, кои ги носеше на Светското првенство во Катар, каде Аргентина стана светски шампион.

Компанијата се надева на повеќе од 10 милиони долари за оваа колекција, која ќе се продава онлајн од 30 ноември до 14 декември, а исто така ќе биде јавно изложена во седиштето на Сотби.

Дресот со сино-бели риги Меси го носеше на натпреварите од групата против Саудиска Арабија и Мексико, потоа во осминафиналето против Австралија, во четврт-финалето против Холандија, во полуфиналето со Хрватска и во финалето против Франција.

Дело д собраните средства од дресовите, ќе бидат донирани за проектот под име UNICAS, со цел да им се помогне на децата кои боледуваат од ретки болести.