Вимблдон повеќе нема да биде ист

Вимблдон, третиот Грен слем сезонава, ќе се одржи следната година од 27 јуни до 10 јули, објавија организаторите.

Тие, исто така, воведоа некои новини, a едно правило, практично старо колку и самиот турнир, беше укинато.

Тоа е прашање на т.н Средна недела, ден кога тенисот не се играше на терените на Ол Ингланд Клубот.

Треба да се додаде дека времето, сепак, во неколку наврати ги принуди организаторите да закажат натпревари и за тој ден – тоа беше 1991, 1997, 2004 и 2016 година.

По ова, од следната сезона нема да има т.н Маничен понеделник, кога натпреварите од осминафиналето беа на програмата, и често имаше изненадувања, „сеча на фаворитите“.

Исто така, вторник повеќе нема да биде резервиран само за четвртфиналето за жени, а среда за четвртфинале за мажи, туку натпреварите ќе бидат комбинирани.

Финалето на мешаните двојки сега ќе се игра в четврток, наместо во недела, додека дуелот за женскиот трофеј е преместен од сабота во недела.

Титулата ја бранат Ешли Барти кај жените и Новак Ѓоковиќ кај мажите