Вимблдон ќе им дозволи настап на руските и белоруските тенисери

Руските и белоруските тенисери ќе можат да настапат на годинешниот Вимблдон, ексклузивно пренесува „Дејли мејл“.

Минатата сезона добија забрана за настап на третиот Грен слем сезонава поради војната во Украина, а се известува дека играчите ќе бидат исфрлени од турнирот доколку покажат каква било поддршка за војната и ќе се натпреваруваат под неутрално знаме.

АТП и ВТА лани му одземаа бодови на Вимблдон поради таа забрана, сега се заканија дека ќе одземат лиценци за турнири како Квинс и Истбурн, па имаше отстапка.

Од руските тенисери нема да се бара јавно да кажат дека се против војната, но можеби ќе треба да потпишат кодекс на однесување пред турнирот. Засега не се знае што точно ќе има во него, но нема да смее да се носи руското знаме, ниту ќе може позитивно да се зборува за Русија.

Компромисното решение предложено од Вимблдон е поддржано и од Владата на ОК, која јасно стави до знаење дека нема да ги блокира барањата за виза.

Вимблдон оваа година започнува на 3 јули. Титулите лани ги освоија Новак Ѓоковиќ во машка и Ешли Барта во женска конкуренција.