Вимблдон е откажан, но ќе заработи 114 милиони евра

Неофицијалното светско првенство во тенис е откажано поради пандемијата од корона вирусот и првпат во Втората светска војна нема да се игра.

Но, тоа не значи дека организаторите нема да заработат од неодржувањето на, според распоредот, третиот Гренд слем во сезоната. Пред 17 години, кога низ светот се ширеше САРС, челниците на турнирот се осигураа од можна пандемија, за осигурување од можно неодржување платија 1,7 милиони евра и поради тоа сега ќе заработат неверојатни 114 милиони евра.

Овие средства Тениската федерација на Велика Британија ќе ги искористи за да им помогне на клубовите, помалите турнири, судиите и помошниот персонал кои во моментов се без работа. Ролан Гарос и УС Опен не го направија овој потег и ќе бидат во загуба од околу 250 милиони евра.