Вилнев знае кој е „бела мечка“ – Ако Кими го удреше Ботас, казната ќе беше 5 секунди!

Поранешниот возач во Ф1 и шампион со Вилијамс – Рено, Жак Вилнев, смета дека доколку Кими Раиконен дирекно предизвика инцидент со Валтери Ботас наместо Луис Хамилтон, ќе добиел помала казна во бокс.

Финецот доби 10 секунди пенал во бокс поради директниот удар во болидот на Луис Хамилтон, но сега поранешниот Ф1 шампион тврди дека таа казна би била помала доколку во прашање бил Валтери Ботас.

Со овој став Вилнев ќе придонесе за уште по вжештена дебата помеѓу фановите на Мерцедес и Ферари која деновиве ескалираше.

Не разбирам навистина, зошто 10 секунди, а некогаш само 5. При вакви тркачи инциденти се случувало дури и некој да не добие казна. Не разбирам навистина“.

„Па ова е тркање, јас не сакам кога има казна при вакви сутуации, треба да има казни само за валкано возење, што е нешто сосема поразлично од ова, или глупо возење. ФИА пресуди со 10 секунди затоа што ова беше Луис и затоа што се возеше во Британија. Доколку беше Валтери удрен од Кими, казната сигурно ќе беше 5 секунди“, тврди Вилнев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хакинен ја посочи најголемата грижа на Фетел – таа доаѓа од неговиот табор

ВИДЕО: Ферари уште на почетокот ја оплеска – уште на првата трка го избришаа подот со Леклер

Ботас побрз од Хамилтон во Мелбурн, Ферари под очекувањата на ГН за Австралија

Нова сезона, стари навики: Хамилтон на пол-позицијата во Австралија

Фетел повторно ги обвини во Мерцедес за „игра на умови“

Тажни вести од Ф1 утрово – почина човекот кој одбележа цела една ера во овој спорт

Tрадицијата продолжува – Фетел повторно со женско име го крсти својот болид

Предлог во Ф1: ФИА разгледува ново интересно правило за „бод повеќе“ на трките, но не за победникот

Топ вест за фановите на Шуми – се подобар е и се наоѓа во Мајорка!