Вилнев со порака до Верстапен: Ако годинава не си подготвен за титула, никогаш нема да бидеш!

Шампионот во Формула 1 од 1997 година, Жак Вилнев, смета дека доколку Макс Верстапен сезонава не се чувствува дека може да ја нападне титиулата против Хамилтон, тој никогаш и нема да биде подготвен.

Ред Бул покажа моќ на почетокот од сезонава, покажа дека „лименките“ одработиле болид за респект, па и страв кај конкуренцијата, па затоа важат за рамноправен противник на Мерцедес годинава за титулата.

Токму тоа се обиде да го потенцира Вилнев околу Верстапен.

Верстапен е доволно долго во овој караван, доколку сега не е подготвен за титула, нема никогаш дабиде. Макс годинава може да доминира, Ред Бул има добар болид. Макс има сега добар болид, има и искуство. Сезоната е долга, ќе видиме што ќе се случува“, порача Вилнев.

Со победата во Монако, Верстапен го презеде водството во генералниот поредок сезонава.