Вилнев: Освен Леклер и Мик Шумахер, во академијата на Ферари сите се платеници

Светскиот шампион од 1997 година, Жак Вилнев, ја доведува во прашање кредибилноста на возачката академија на Ферари со последната изјава.

Канаѓанецот кој во минатото имаше жестоки дуели со Михаел Шумахер и Ферари на патеката, смета дека сите возачи во таа академија, освен Мик Шумахер и Шарл Леклер, се платеници во Маранело.

Освен Леклер, сите имаа пари кога влегуваа во Академијата на Ферари. Шарл единствен беше кој немаше редовни примања кога влезе во академијата. Останатите ионака имаа златен буџет и тоа ви помага. Се разбира, тоа мора да го направите сами, но дури и без Ферари, овие момци би биле во позиција во која што се сега“, смета Вилнев.

Вилнев смета дека Мик Шумахер е под голем притисок пред се поради презимето.

Мик е талентиран возач, последните години тој е под голем притисок поради неговото презиме. Го почувствува притисокот и може да учи од тоа. Познатото презиме делува добро и помага низ кариерата, но носи и голем притисок. Луѓето веднаш сакаат да видат резултати, а како што се однесуваат медиумите кон возачите, не е лесно“, порача Вилнев.