Виландер тврди: Алкараз се повреди исклучиво поради Ѓоковиќ

Некогашниот тениски ас, Матс Виландер, смета дека повредата на Карлос Алкараз се случила поради Новак Ѓоковиќ, кој знаел како да ги искористи слабостите на шпанскиот тенисер.

„Тоа го предизвика Новак Ѓоковиќ и само тој. Постои голема разлика како се движи тој кога е исцрпен, во однос на Карлос, огромна е разликата. Ова кај Алкараз го немам видено и Новак Ѓоковиќ успеа да ги искористи сите негови слабости“.

„Немав слушнато дека претходно имаше проблеми со грчевите. Сигурно имаше фантастични подготовки за мечот, но видете што се случи, трчаше многу. Не одеше, туку спринташе. Новак одигра паметно, Карлос Алкараз беше принуден на многу трчање и така се случи повредата“, порача Виландер.

Новак Ѓоковиќ во финалето ќе се сретне со норвешкиот тенисер Каспер Руд.