Виландер: Се ежам кога го гледам Надал!

Аналитичарот на Еуроспорт, Матс Виландер, е воодушевен од формата на Рафаел Надал во Австралија годинава.

За волја на вистината, Рафаел Надал има само една титула овде, тоа е 2009 година, додека Новак Ѓоковиќ е апсолутен владетел, кој има дури девет триумфи овде.

Но шведскиот некогашен тенисер даде интересен коментар на мечот на Шпанецот против Манарино, кој го реши со 3:0.

Надал имаше проблеми само во еден сет, доколку го загубеше, ништо немаше да се промени, повторно ќе победеше. Надал против Манарино во 49 од 50 наптревари би добил 3 сета по ред. Тој е неверојатен, се ежам додека го гледам. Се надевам дека никогаш нема да си замине“, алудира Виландер на пензионирањето на Рафа Надал.

Инаку, Матс Виландер е голем фан на Новак Ѓоковиќ, но сега кога големиот фаворит го нема, Виландер веројатно ќе навива за Надал.