Виландер како заштитник на Србинот: Новак беше во право за условите во Париз

Новак Ѓоковиќ ќе го победеше Доминиик Тим во полуфиналето од Ролан Гарос, доколку условите беа регуларни за игра во Париз, ова го тврди Матс Виланде.

Поранешниот шведски тенисер и сегашен коментатор на Еуроспорт, се согласува со констатацијата дека Ѓоковиќ сигурно ќе дојдеше до ново Грен слем финале, доколку условите за игра беа добри.

„Јасно е дека Ѓоковиќ беше во подобра ситуација, односно доколку условите за игра беа поинакви, инаку беа ужасни, па во такви услови, победи Тим. Сепак ситуацијата е таква каква што е и австрискиот тенисер заслужено победи“.

Ѓоковиќ по мечот со Тим, истакна дека условите биле такви што едноставно бил соочен со неуспех на овој турнир.

Ова овде навистина е нешто за преживување, не знам дали имам доживеано нешто вакво слично во кариерата. Вакво нешто на турнир на земја не бев доживеал досега“, порача и Ѓоковиќ.